Никол Шерцингер наводно го освои срцето на младиот пејач Ед Ширан. Никол, која има 37 години и 24-годишниот Ед минуваат многу време заедно и наводно започнаа романска. Тие двајца веќе долго се пријатели, но емоциите се родија откако пејачката во февруари стави крај на долгогодишната врска со Луис Хамилтон. Како што тврдат извори, Никол утеха после раскинувањето пронајде во песните на Ед, по што тие двајца се зближија.

 

Минатиот месец му се придружи во бекстејџот на еден од неговите концерти на Вембли, а три дена подоцна, ја повел во својата куќа во Сафолк, каде уживале во пијалок во еден локален паб. Пријател на пејачката вели дека кога раскинала со Луис срцето и било скршено па постојано ги слушала песните на Ед. Многу се блиски и таа вели дека Ед е нејзина машка верзија. Недолго откако Никол стави точка на романсата со Луис, и Ед ја остави својата девојка, Атина Андрелос со која беше во врска година дена.