Додека нејзиниот бивш дечко Луис Хамилтон се забавува со Ријана, Никол ужива на плажите во Малибу и францускиот град Кан. Некогашниот вокал на популарната група „Pussycat Dolls“, на својот Инстаграм профил објави фотографии за нејзините фанови од кои се гледа како одмора на плажа и ги впива зраците на сонцето.
Атрактивната 37 годишна музичка ѕвезда, почетокот на неделата го помина во Малибу, а потоа неколку дена уживаше во Кан заедно со нејзината сестра Кели.
Никол својата врска со пејачот на Формула 1 Луис Хамилтон ја заврши во јануари оваа година за после тоа да почне нов почеток со 15 години помладиот британски колега Ed Sheeran, но таа вест таа ја демантираше во медиумите.