Доколку имате смисла за хумор, можеби можете да се обидете да ја освоите Никол Шерцингер. Пејачката во интервју за Дејли Мирор признала какви мажи сака. Таа открила дека сака мажи кои можат да ја насмеат. Рекла дека не сака луѓе кои за себе мислат дека се нежни, бидејќи тоа секогаш испаѓа дека е спротивно.

На прашањето во какви односи е со поранепното момче Луис Хамилтон, со кој била пет години во врска не колку пати прекинувала, Никол рекла дека повторно зборуваат, што е добро, бидејќи биле како семејство и биле добри пријатели, но никој не знаел што нсои иднината.