Никол е скршена и многу и е тешко, но тоа е нешто што морала да го направи, нешто што и неа и на Луси долгорочно гледано навистина ќе им користи, рекол пријател на пејачката кога прекинала со возачот на формула 1. Никол Шерцингер и Луис Хамилтон тогаш прекинале по четврти пат.

 

Утеха после прекинувањето поранешната членка на „Pussycat Dolls“ пронашла во патувањата на егзотични дестинации, но тоа, се чини не и помогнало премногу. На последните фотографии кои ги објавила на социјалните мрежи, Никол е значително послаба отколку пред еден месец, два. Обожавателите заклучиле дека пати поради несреќната љубов, дека ја „изела“ тагата и дека килограмите поради тоа се топат.