Никол Шерцингер од убавица се претвори во чудно облечена и натапирана жена на која ништо од тоа не и прилега. Преубавата Никол на оваа фотографија воопшто не личи на онаа секси убавица на која сме навикнати. Натапирана шатирана коса, огромни очила и блузата без стил на неа никако не и прилегаат. Никол, која неодамна раскина и со многу помладиот пејач Ед Ширан, очигледно почна да се забавува за да заборави на своите љубовни неуспеси.

 

Таа прво стави крај на својата долгогодишна врска со возачот на формула 1 Луис Хамилтон, а потоа изминатово лето влезе во врска со својот помлад колега. Неодамна, меѓутоа, раскина и со Ед. Колку и да е несреќна, Никол не би требало да експериментира со својот совршен изглед и стил. Барем не вака.