После шест години љубовна врска, популарната пејачка Никол Шерцингер која има 36 години, и возачот на формула 1 Лус Хамилтон кој е седум години помлад, конечно ќе го изговорат судбоносното „да“. Атрактивната Никол се согласила да се омажи, после три пропаднати запросувања и неколку „дефинитивни раскинувања“.

Познатиот пар би требало да се венча во август оваа година, кога Хамилтон ќе има три седмици пауза од натпреварувањата. Идните младенци се запознале во 2007 година на доделување на MTV наградите.