Пејачката Никол Шерцингер во средата ноќта за време на својот настап им дозволила на фотографите да ја фотографираат само една минута. Така подготвените фотографи за само една минута од нејзиниот настап во Манчестер успеале да ги овековечат нејзините секси атрибути, и тоа посебно нејзиниот задник, кој пејачката им го понудила како на чинија додека танцувала на сцената во салата Аполо.
Никол, откако мина една година како член на жирито во американскиот „Икс Фактор“, одлучи да се врати на она во што е најдобра, односно на приредувањето незаборавни настапи за својата верна публика, па моментално се наоѓа на турнеја низ Велика Британија каде го промовира повторното пуштање во продажба на својот деби албум „Killer Love“.