Пејачката Никол Шерцингер, која неодамна ја прекинала врската со возачот на формула 1 Луис Хамилтон, се фотографирала гола свртена со грб, така да и се гледа задникот.
Поранешната членка на групата „Pussycat Dolls“, позирала за книгата која ја слави женската позадина, а која ја пишувал раперот Пи Диди.
Освен неа за книгата се сликале и Лејди Гага и Ферџи.
Атрактивната Никол, чиј татко е од Филипините, а мајката еден дел од Хаваите а вториот од Русија, му оддала почит на својот роден град, фотографирајќи се во Хонолулу на Хаваите пред објективот на модниот фотограф Рафаел Мацуко.
На фотографијата таа има цвеќе околу вратот и во косата, а нејзиното тело, кое се гледа голо, било осликано со привремени тетоважи.