Никол Ричи би можела да им одржи стилска лекција на бројните трендсетерки. Убавата икона на стилот е забележана во одлична комбинација која фантастично ги споила безвременските пруги и цветниот принт.
Никол тоа не го направила на типичен начин како што тоа го прават другите вљубенички во модата кои спојуваат цветна сукња и маичка на пруги, туку се одлучила за интересна пругаста блуза преку која облекла цветна јакна. Тесните црни пантолони, рамните чизми и големите очила за сонце ја заокружуваат оваа прекрасна комбинација.