Старлетата Никол Ричи наполнила 30 години, а роденденот го прославила на Беверли Хилс, во друштво на членовите на семејството и најблиските пријатели. Посвоената ќерка на пејачот Лајонел Ричи, Никол, прославата ја организирала во луксузен хотел. На забавата присуствувал и нејзиниот сопруг Џоел Мејден, пејачот на групата „Гуд Шарлот“, како и неговиот брат Бенџи и актерката Ешли Олсен.


Лајонел Ричи исто така славел со својата ќерка, а бил добро расположен поздравувајќи им на фотографите пред влезот во хотелот. Пријателите на старлетата кои не можеле да дојдат на забавата, роденденот и го честитале преку твитер, а меѓу нив била и Парис Хилтон, која со Никол учествувала во реалното шоу „Едноставен живот“.