Малку жени од светската модна сцена може да имаат интензивна нијанса на виолетова коса како што тоа го прави неодоливата Никол Ричи. Иако отсекогаш важела за една од најинтересно облечените познати трендсетерки, слатката Никол со новата боја на коса како да добила уште повеќе храброст за облекувањето.

Фустанот од Ентони Вакарела од пролетната колекција украсен со големи златни детали, со кој ги освоила сите присутни на ‘2014 AOL NewFronts’ настан кој е одржан во Њујорк, изгледал сензационално на неа, посебно во комбинација со прекрасен ‘Kalmar Rope’ модел на Џими Чу сандали. Нежно навитканата виолетова коса и речиси незабележливата шминка го надополниле прекрасниот стајлинг на модната миленичка.

 

извор:fashion.hr