По написите дека очекува трето дете, старлетата Никол Ричи се огласила во медиумите и ја демантирала веста за наводната бременост. Пред само неколку дена била фотографирана со малку поголем стомак, па медиумите претпоставиле дека е бремена и дека чека трето дете.


Никол изјавила дека не е бремена и дека јавното укажување на нечии промени во килажата е злобно. Додала дека човечките тела секогаш се менуваат и дека тоа не е толку интересно за да му се посветува толкаво внимание во медиумите. Таа со Џоел Маден ја има тригодишната ќерка Харлоу и едногодишниот син Спароу.