Холивудската убавица признала, раскажувајќи за детството, дека за сексот и другите битни работи во животот учела од видео касети кои на неа и нејзината сестра Ана им ги носеле таткото по професија биохемичар и мајката медицинска сестра. Како што вели, се шокирала кога како девојче видела на телевизија пар како ужива во љубовна игра.
Никол Кидман имала, признава, сосема необично детство затоа што сите податоци битни за натамошниот живот ги добивала од видео касети кои нејзините родители, обајцата вработени во здравство,ги сметале за многу битни за воспитување на децата. „Сестра ми и јас ќе напишевме домашно, помагавме во градината, а потоа ќе седневме во дневната соба и гледавме видео.Никогаш како другите деца не гледавме комедии, туку едукативни филмови“ признава актерката.
Светски познатата актерка вели дека половината од животот го поминала „скоро слепа“, се додека не се решила на ласерска операција за поправање на видот. „Не можам да верувам дека сите тие години ги поминав во магла….Сега конечно забележувам кога луѓето ме гледаат, а понекогаш и отпоздравувам кога некој ќе ми се насмевне. Тоа ми стана правило откако прогледав“ искрена е Кидман.
Ј.М.