Никол Кидман од неодамна открива дека повеќе не ја интересира снимање на филмови и дека сака да се посвети на сопругот и децата. Австралиската актерка во 2006-та година се омажи за својот втор сопруг, кантри-пејачот Кит Урбан со кого оваа година го добија нивното прво дете.


„Имам 41 година и многу сум среќна во Тенеси со детето и сопругот. Очигледно има уште креативна крв во мене која мора да се рефлектира на некој начин, но јас едноставно  немам повеќе желба за снимање филмови“, изјавила славната австралијанка.

Филмовите на Кидман во последно време доживуваат голем неуспех на киноблагајните. Моментално во кината се прикажува нејзиниот филм „Австралија“, кој е втора соработка со режисерот Баз Лурман.