„Секој месец се надевам дека сум бремена, но никогаш не сум. Би скокала од среќа доколку повторно забременам. Иако, свесна сум дека имам 47 години и дека веројатно нема повторно да родам“, рекла Никол Кидман во интервју за австралиско радио. Сепак, додала и дека нејзината баба своето последно дете го родила кога имала 49 години па затоа и таа се надева дека има шанси повторно да роди.
Вели дека е луда за бебиња и деца. Низ насмевка признала дека нејзиниот сопруг Кит Урбан можеби сепак не сака, и дека нема да биде воодушевен доколку мора повторно да менува пелени. Неодамна почина таткото на популарната актерка, Ентони Кидман, со кој Никол била силно поврзана.