Никол Кидман доби награда за најдобра театарска актерка на лондонскиот Вест Енд, познат по популарните мјузикли и драми, кои според некои проценки, ја надминуваат за 20 проценти популарноста на њујоршкиот Бродвеј. Наградите се доделуваат врз основ на гласови на публиката. Холивудската дива со австралиско потекло доби награда за улогата во претставата “Photograph 51”, во која ја игра научничката Розалин Френклин, која во раните педесетти со група научници работеше на декодирање на ДНК.

 

Четири години после нејзината смрт од двоен тумор на јајниците, предизвикан веројатно од Х зраците користени во експериментите, нејзините колеги добија Нобелова награда која не може да биде доделена постхумно. Кидман изјави дека е исполнета од враќањето на театарската сцена после 17 години, но дека тоа воедно било и застрашувачко чувство. За најдобар актер е избран Бенедикт Кумбербак, за улогата во „Хамлет“, а таа претстава воедно е прогласена за најдобро обновено дело на Вест Енд. Џуди Денц е наградена за најдобра улога во „The Winter’s Tale“.