Холивудската актерка Никол Кидман избегнува да се појавува во јавност, па дури и кај блиските пријатели, бидејќи не сака да одговара на прашања врзани за разводот на Кејти Холмс и Том Круз, со кој беше во брак.
Кога Никол Кидман и Том Круз се разведувале, го изгубила целосното старателство врз нивните посвоени деца, Изабела и Конор, а познато е дека Кејти со сите сили ќе се бори нејзината ќерка Сури да остане со неа.
Никол не сака да зборува, сака приватност. Таа само сака да е настрана од оваа приказна. Помеѓу останатото, комуникацијата меѓу неа и Том е сведена на минимум.
-Никол не сака да ја вовлекуваат во тој проблем, и не сака да разговара за тоа. Во некој момент сигурно ќе мора, но тогаш најверојатно ќе го поддржи Том, поради децата – вели извор.