Никол Кидман и нејзиниот сопруг, пејачот Кит Урбан за луксузниот стан на Менхетн издвоиле околу 7,5 милиони евра. Станот е опремен дури и со посебен лифт кој им овозможува во истиот да го паркираат автомобилот и да го подигнат до нивниот стан.


Зградата во која се наоѓа нивниот стан е прва во Њујорк која поседува таков лифт. Апартманот има три спални соби, а неговата големина е 300 метри квадратни. Се состои од два ката и има две тераси со поглед на реката Хадсон.