Познатата холивудска актерка Никол Кидман преговара околу снимање на филм за животот на Грејс Кели, една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Кидман ќе ја игра трагичната принцеза наградена со Оскар, која се мажи за принцот од Монако во филмот “Grace of Monaco”.
Меѓутоа, филмските критичари не се сложиле со тоа дека Кидман личи и може добро да го толкува ликот на една од најсаканите принцези на светот.