Австралиската актерка Никол Кидман премногу личи на холивудската икона Грејс Кели, во новиот биографски филм за американската актерка која станала принцеза по венчавката со принцот Рени од Монако.

Во една од сцените Никол со тијара и кралска лента преку градите изгледала баш како и омилената актерка на Хичкок. Таа изјавила дека на овој начин сака да покаже почит кон принцезата Грејс, која на 52 години погинала во сообраќајна несреќа.