Никол Кидман и Кејт Урбан неодамна јавноста ја изненадиле кока обелодениле дека станале родители на уште една ќерка, Фејт маргарет. Имено, нивната втора ќерка ја родила сурогат мајка. Парот за раѓањето на ќерката платил повеќе од 100 илјади евра на агенција во Лос Анџелес која ги вработува сурогат мајките.


Сурогат мајка од истата агенција го родила и синот на Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш. Директорот на агенцијата за странските медиуми изјавил дека не смее да зборува за детали за случајот и за постапката. Никол Кидман 2008 година ја добила ќерката Сандеј Роуз.