Како член на главното жири во Кан Никол Кидман овие денови привлекува најголемо внимание на светските медиуми, но нејзините очи биле вперени само кон нејзиниот сопруг Кит Урбан кој и правел друштво. Парот делувал многу романтично на црвениот тепих пред премиерата на филмот “Inside Llewyn Davis”, како двајца тинејџери кои се вљубиле на прв поглед.
Иако се во брак седум години, Кит и Никол се држеле за рака, се прегрнувале, бакнувале и разменувале погледи полни со љубов, како да се на меден месец. Како и што се очекувало, Оскаровкат се појавила во уште едно прекрасно парче од високата мода, овој пат во цветен фустан на својата омилена дизајнерка, Лерен Скот, актуелна партнерка на Мик Џегер. Кит Урбан долетал во Кан како накратко би и дал поддршка на својата сопруга, која мора да биде присутна на фестивалот сите 12 дена бидејќи е член на главното жири.