Актерката била забележана како излегува од клиниката за оплодување во Санта Моника минатата седмица. Таа демантира дека е бремена иако се забележува нејзиниот заоблен стомак. Со нејзиниот сопруг Кит Урбан 2008 година ја добија ќерката Роуз.
По излегувањето од клиниката внимателно ги прегледувала документите кои ги добила. Се претпоставува дека ќе се обиде со Ин-витро оплодување, исто како и Мадона пред да го роди синот Рока пред десет години.