Актерката Никол Кидман била удрена од велосипед кој бил управуван од папараци на влезот на хотелот во кој претстојувала.


Кидман во овој инцидент не била повредена, а Карл Ву-човекот кој го управувал велосипедот изјавил дека целиот настан бил несреќен случај и не планирал да повреди никого.


По овој инцидент тој добил три казни за загрозување на општа безбедност, управување со велосипед на тротоар и управување на велосипед без заштитна кацига.