Кога медиумите објавија дека нејзината посвоена ќерка Изабела се омажи за своето момче Макс Паркер, Никол Кидман била шокирана, бидејќи ниту добила покана ниту воопшто знаела дека Изабела ќе се венча. Според наводите на таблоидите, Изабела и Макс се венчаа на сциентолошка церемонија која била одржана во Хотелот Дорчестер во Лондон, а на свадбата присуствувале само неколку нивни најблиски пријатели. Иако не биле поканети ниту родителите на младоженецот, исклучок бил направен кога е во прашање Том Круз, и гордиот татко кој ги платил сите трошоци бил меѓу гостите.
За се да биде уште полошо по Никол, таа во септември, кога нејзината ќерка се венчаваше, беше во главниот град на Велика Британија, само неколку километри од местото каде беше одржана церемонијата. Не е никаква тајна дека Никол, која во 2001 година се разведе од Круз е на црната листа на сциентолошката црква, па не чуди што и овој пат беше прескокната. Да потсетиме, Никол и Том, Изабела и две години помладиот Конор ги посвоија во 1992 и 1995 година, а Круз и неговите деца се посветени на сциентологијата.