Откако Ким Кардашиан благодарение на својот вереник успеа да се најде на насловната на Вог, Кање има нова цел, својата избраничка да ја внесе во холивудската елита. Според медиумите, Кање не се откажува од тоа холивудските ѕвезди да ја покануваат Ким на големите друштвени настани. Сепак, тоа не му поаѓа од рака бидејќи холивудската елита не ја поднесува.

Близок извор до парот открил дека Кање ги моли познатите актери и пејачи да ја покануваат Ким на друштвените настани, но многумина го одбиваат. Иако Кање е ценет како бизнисмен и уметник, Ким Кардашиан потешко ја прифаќаат, што можело да се види која не ја пуштиле на Венити фер забавата после доделувањето на Оскарите. Изворот додал дека таа има неодстатоци во својата кариера, поради што не е добредојдена на некои места на кое Кање без сомнение е.