На истекот на вториот меѓународен тендер за продажба на охридски ЕМО, што го распиша Владата на Р. Македонија, ниту една компанија не покажала интерес за купување на некогаш реномираниот производител на електро опрема.

Крајниот рок за пријавување на заинтересираните купувачи истекува денеска на пладне.

Инаку државата продава 153 341 акција или 41%, кои се нудат по цена за 10% пониска од првата продажба преку јавен тендер која беше неуспешна. Тогаш за ЕМО имаше само една понуда од бугарската компанија „Енергомонт“ која владата ја отфрли бидејќи  компанијата не била бонитетна.

Првично беше предвидено ЕМО да се продаде на 30 март, како загубар по пат на јавно наддавање. Но, владата на три дена до продажбата се откажа од овој модел со образложение дека тој не нуди доволно гаранции за успешен развој на компанијата во иднина.

Г.М.