Според статистичките показатели заклучно со април, од вкупно 10.635 невработени охриѓани, по старосната распределба, најголем број се лица над 40 години или вкупна 5.713.
На возраст од 30 до 40 години запишани се 2.164 невработени лица, а преку Центарот вработување во Охрид работа бараат и 2.758 лица, помлади од 30 години.
Според степенот на обазование меѓу навработените, најмногубројни или 3.227 се неквалификуваните работници. Со завршено средно образование евидентирани се 2.483 лица, а голем дел од бројката на невработни завземаат и квалификуваните работници со 2.563 евидентирани. Со Вишо образование работа чекаат 355, а со Високо 1.002 невработени лица. На евиденцијата во Центарот за вработување во Охрид, евидентирани се и 17 магистри н науки, кои чекаат вработување.