Кај спортскиот центар “ Билјанини извори”, во непосредна близина на влезот на дискотеката “ Лапидариус” која се наоѓа во склоп на центарот, со денови стојат купишта ќеси полни со отпад.


Од ЈП Комуналец информираат дека нивните служби не го подигаат отпадот затоа што тоа никој од нив не го побарал. Како што изјави првиот човек на ова јавно претпријатие, Сашо Алчев, заклучно со месец јули, од страна на сопствениците на дискотеката , обврските за подигање на отпадот биле плаќани и затоа отпадот  бил редовно подиган од службите на Комуналец.


Од август, ниту била побарана од Комуналец ваква услуга, ниту некој за тоа има платено, па така отпадот ќе стои се додека некој не пројави желба тоа да го направи.

OhridNews