Гостувањето на Зомимак во Охрид во осмата рунда од Супер Лигата ги врати ракометните легенди неколку години па и децении наназад. Тимот од Струмица располога со милионски буџет, а ракометари кои го бранат боите се проверени имиња во ракометот кај нас.

– Не се сеќавам дека во Охрид гостувала екипа со поголем буџет и квалитет како што го поседува тимот  на Зомимак. Тие сезонава сериозно ќе им парираат на Металург и Вардар за титулата во македонскиот ракометен шампион. Точно е дека во Охрид играле Металург, Вардар и Пелистер, но тие тогаш беа далеку од сегашниот квалитет кој го поседуваат екипите во Супер лигата – рече тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.

Охрид во минатато бил домаќин на Металург, Вардар и Пелистер, но сега ракометната еуфорија во Македонија е далеку поголема од порано.

– Тогаш владаееше голема ефуроија, но сега е уште поголема бидејќи ракометот прерасна во спорт број во нашата земја. Во Охрид никој не стигнал лесно до бодовите па се надеваме дека тој тренд ќе продолжи и следните натпревари – велат легендите на ракометот во Охрид.

За да не биде Зомимак екипа број еден што гостувала во Охрид треба да се погрижат ракометарите и да обезбедат пласман во завршницата од Супер лигата и да се сретнат со скопските гиганти Металург и Вардар.

Мх.П.