Азија, Европа, Средна Америка, Австралија и Јужна Америка.  Јапонскиот интернационалец Кесиуке Хонда со погодокот на мечот од бразилското првенство против Банга од пенал постави несекојдневен рекорд кој тешко дека ќе биде срушен.

Тој е единствениот фудбалер на светот кој постигнал голови на сите континети. Голот во „црвено-црниот“ дрес на Ботофаго е негов јубилеен 100. погодок во кариерата. Кариерата ја започна во Нагоја каде ги постигна првите голови, потоа играше во Европа и тоа за Венло, ЦСКА Москва а зенитот го постигна во дресот на Милан. Потоа патот го одведе во Мексико, (Пачука) и Австралија (Мелбурн Виктори) .

Хонда (33) не играл за ниту еден клуб во Африка, но во дресот на Јапонија на СП 2010 година во ЈАР два пати погоди за „самуарите“ и тоа во мечевите против Камерун и Данска . За Јапонија постигнал 37 гола во 98 натпревари. По постигнатиот рекорд „твитна“: “Ви благодарам на подршката, сакам да играм на Антарктикот и таму да дадам гол“.

OhridNews