Во последно време во Охрид никнуваат се повеќе диви пазарчиња. Такво е и ова кај маркетот „Макси Д“.

На импровизирани тезги од гајби, кутии и друга амбалажа  се продава овошје, зеленчук и други прозводи, главно прехрамбени. Сето тоа во близина на маркет и легалното пазарче отпротива.

Законски ваквата продажба не е дозволена. Но од друга страна маката ги натерала овие луѓе во поодминати години да излезат на улица во обид да заработат за корка леб.

Сепак колклу тоа грубо да звучи во случајов тие се нелојална конкуренција за околните дуќани и лоша слика. Некаде во средината на проблемот се наоѓаат надлежните инспекциски служби и државата, кои треба да се погрижат импровизираните пазарчиња да се дислоцираат, односно во законски рамки да им се помогне на овие луѓет кои  по студов мрзнат на отворено во обид да преживеат од денес за утре.

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски