На последните локални избори на главната улица која води до Велгошти, ул.”Живко Чинго”беа изградени нови тротоари, потег кој беше поздравен и одобрен од сите жители на Велгошти. Но новоизградените тротоари беа во употреба многу кратко затоа што се обраснати со трева,на нив има шут, делови од асфалт, камења и што ли уште не…пишува локалниот портал velgosti.com.
Трагедијата да биде уште поголема нема кој да ги исчисти и да ги стави во функција за да поминуваат пешаци коментираат велгоштани. „ Нашите деца се школуваат во Охрид нашите жители работаат во Охрид и замислете си секој ден да не можете да се движите по тротоари и мора да одите по коловоз каде се движат многу возила. Не дај боже да се случи нешто“, вели револтиран граѓанин, кој како и неговите сожители ги повикува надлежните органи да си ги завршат своите работи а не да ги посетуваат само за избори.