И покрај скромната номинална вредност, една амеркиканска монета од пет центи би можела на аукција да достигне вредност од дури два милиони долари. Никлованата монета со главата на Кипот на слободата на задната страна, изработена во 1913 година, е една од само пет такви монети на светот, од кои две се во музеј, а три во приватни колекции. Монетата била пронајдена во искршен автомобил чиј сопственик настрадал во сообраќајна несреќа во 1962 година, а потоа лежела со децении заборавени на дното на фиока.
Даглас Мад, кустос во музејот на американското нумизматичко здружение, рекол дека станува збор за монета која има приказна, која е многу ретка и која во последниве десет години била изложена во музејот. Такви монети биле изработувани од 1883 до 1912 година, за во 1913 да бидат заменети со монети со слика на бизон. Таа паричка била една од петте изработени кој крајот на 1912 година во Филаделфија. Се верува дека се дело на Семјуел Браун, еден од работниците во ковачницата, кој на нив ставил лажен датум од 1913 година.