Сопственикот на клуб во Далас изјавил дека раперката Ники Минаж го зела хонорарот од 30 000 долари за забава на која не се ни појавила.

Популарната пејачка одржала концерт во салата “Verizon Grand Prairie” во близина на Далас, а по концертот бил закажан нејзин настап на забавата во ноќниот клуб “Zouk”.
Во последен миг раперката одлучила да не настапи, а според сопственикот на клубот таа пристигнала пред вратите за на крај да го промени своето мислење.