Хитмејкерката Ники Минаж после постигнатата планетарна слава сака да се повлече од светската музичка сцена. Таа сака да стане мајка и да се посвети на семејството кое го основа со своето долгогодишно момче Сафар Самуелс. Ники во едно интервју рекла дека не сака цел живот да работи и да ја пропушти можноста да ја искуси среќата на семејството. Вели дека сеуште не е време за тоа, но кога ќе дојде време сака да се повлече и во потполност да се посвети на своето семејство и мајчинската улога.

Таа објаснила дека сега е премногу зафатена за да има деца, но е убедена дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Истакнала дека семејството секогаш и било многу важно и затоа сакала да го сочека вистинскиот момент пред да го роди првото дете. Заклучила дека моментално е премногу зафатена, но во одреден момент, се ќе се промени.