Пејачката Ники Минаж и кантри пејачот Кит урбан, познат и како сопруг на актерката Никол Кидман, ќе бидат нови судии во американското телевизиско шоу „Американски идол“. Тие двајца ќе им се придружат на поп дивата Мараја Кери и Ренди Џексон, единствените преостанати судии во идолот, соопштила телевизијата Фокс само неколку часа пред почетокот на аудицијата на кандидатите за новата сезона во Њујорк.

Од телевизиската куќа рекле дека Ники оставила огромен траг на рап и поп музиката, а Кит Урбан бил една од најголемите ѕвезди на кантри музиката и биле уверени дека обожавателите и натпреварувачите ќе ги прифатат. „Американски идол“, кој се прикажува 11 сезони по ред, во јули го напуштиле поп ѕвездата Џенифер Лопез и фронтменот на групата „Аеросмит“ Стивен Тајлер.