Актерот од филмот „Терминатор 3“, Ник Стал, кој исчезнал пред повеќе од една седмица, се пријавил на рехабилитација, соопштила неговата поранешна сопруга Роуз Марфи, пренеле светските агенции.
Марфи изјавила дека актерот, кој има долга историја со зависноста од дрога, навистина напорно работел за да остане чист. неговото исчезнување било пријавено во полиција претходно овој месец. Тој на крајот на минатата седмица им испратил порака на пријателите и семејството, велејќи дека се пријавил на рехабилитација.