Ник Кенон, поранешниот сопруг на Мараја Кери е во врска со Вини Харлоу, манекенката која се прослави со својата необична „двобојна“ кожа. Кенон пред година дена се разведе од пејачката Мараја Кери, со која ги има четиригодишните близнаци Морокан и Монро.

 

После разводот срцето на Кенон го освои манекенката Вини Харлоу. Овој пар реши да не ја крие својата љубов, па се видени како заедно излегуваат од лимузина. Вини боледува од витилиго, пореметување кое предизвикува промени на бојата на кожата, но тоа не ја спречи да стане една од моментално најбараните манекенки на светот.