Спектарот на цени е најразличен, зависно од тоа кој објект што нуди. Од хотелите најскап за пречекот е „Милениум“ – 2.400 денари за вечер.
И ноќните клубови и кафетериите се распродадени, со големи разлики во цените: од 300 денари во „Лапидариус“(со еден пијалок) до 2000 денари во „Ликвид“ (сите карти продадени). Во „Баланс“ карта чини 500 денари, но веќе нема, а во „Бјанко Мецо Форте“ 1500 денари (со шведска маса) и таму веќе нема слободни места. Во „Куба Либре“, дочекот на Нова година е 800 денари со три пијалоци плус мезе.
Иако во разговорите често може да се чуе дека “се е веќе видено“, луѓето тешко се откажуваат од некои навики. Најавите се дека кафулињата и рестораните во Охрид за Нова Година ќе бидат до врв полни, ако е веќе така, нека биде ЖУРКА.
На сликите се Аnita&band (Анита, Сашо и Коки), свират во Табана секој четврток, а за Нова Година се во x-factor. Речиси сите ди-џеи од градов се ангажирани и сите некаде ќе „пуштаат“ музика. Среќна Нова!