Голем број моторциклисти од Нигерија, за инает или од сиромаштија, на главите носат тикви, откако на сила стапил законот за носење на кацига за време на возењето.
Откако стапил законот, полицијата сопрела повеќе моторциклисти со овие импровизирани кациги на глава. Моторциклистите протестирале бидејќи полицијата запленила неколку стотици мотори затоа што нивните возачи не носеле соодветна заштита.
Тиквите, кои во таа земја се користат за пренесување вода, сепак нема да им помогнат. Полицијата ги предупредила дека ќе ги казни сите возачи кои носат импровизирани кациги.
Такси-моторите се брз и ефтин начин за превоз во нигериските градови на чии улици владее густ, а често и хаотичен сообраќај. Бројните возачи се бесни на новиот закон бидејќи купувањето кацига ќе ги чини околу 20 долари, што претставува многу голем трошок за нив.