Мухамед Бел Абубакар, 84-годишник, и глава на едно огромно семејство, мора да се разведе од повеќето од своите жени бидејќи според законот ги има премногу.

Мухамед има вкупно 86 жени и сега мора да избере само четири со кои ќе може да живее и понатаму, додека од останатите ќе мора да се разведе.


Исламскиот суд во Нигерија му наредил да се разведе од жените и му се заканил со смртна казна доколку не го направи тоа.

Исламското правосудство, кое вреди во Нигерија, дозволува полигамија, но еден маж може да има најмногу четири жени.

Мухамед е муслимански проповедник кој со своите жени има најмалку 170 деца и тврди дека Куранот не предвидува посебна казна за мажот кој има повеќе од четири жени.