Денес македонските репрезентативци во попладневните часови од aеродромот „Св. Апостол Павле“ ќе заминат за Русија. На синоќешниот тренинг полека се оцртуваа контурите околку стартните единаесетмина кои ќе истрчаат на стадионот на „Локомотив“ во Москва.
   
Дека ќе има некакви рокади и поместувања во составот е повеќе од јасно, а тоа го најави и селекторот Катанец. За очекување е Горан Пандев, кој не се покажа во вистинско светло во досегашниот дел од квалфикациите, а беше жртва на тактиката на Катанец, да добие шанса во самиот шпиц на нападот, место на кое настапува во римски Лацио.


Против Русија со нова тактика

Напаѓачите не беа распололжени на синоќешниот тренинг, на вообичаениот натпревар „осум на осум“ жолтите со 5-0 го совладаа тимот на Пандев. Митрески на трипати од пенал, Стојков и Попов со еврогол беа творци на победата.

Она што паѓа в очи е неприсуството на обезбедувањето на теренот за време на тренинзите. Ако објаснувањето за ангажирањето на обезбедувањето за време на подготвките за мечот со Хрватска беше поради големиот број на хрватски новинари кои ќе пристигнеле во Охрид и ќе ја шпионирале нашата репрезентација, дали тоа значи дека  неприсуството на обезбедувањето сега е поради недоаѓањето на руските новинари на нашите тренизи и дали тоа што ти многу не’ не  “есапат “ значи дека не сме  противник кој може да ги изненади ??    

Хидинк претпазлив   
      
Холанѓанецот на клупата на руската фудбалска репрезентација, Гус Хидинк, не очекува лесни три бода за Русија и покрај тоа што домаќините се огромни фаворити во пресрет на саботниот натпревар.

Русија на последните неколку меча на свој терен не блеска и тешко стигнува до победа. Од Москва непоразени во овие квалификации си заминаа Хрватска (0-0) и Израел (1-1). Против Естонија, Русија се мачеше до последните минути, но на крајот славеше со 2-0, а единствено уверлива беше против Андора со триумф од 4-0.

Како подготовка за мечот против Македонија, пред неполн месец Русија во Москва одигра 2-2 против Полска. Тогаш домаќините водеа со 2-0, но Полска со два погодока во последните 20 минути од мечот остана непоразена. Хидинк е делумно задоволен од овој подготвителен меч.

Во нашата Е група викендов се играат натпреварите: Русија – Македонија ,Хрватска  – Естонија и Англија  – Израел

1 Хрватска         7  17
2 Израел            8  17
3 Русија             7  15
4 Англија           7  14
5 Македонија    7  7
6 Естонија         8  3
7 Андора           8  0

М. Постоловски
фото: В. Бујароски