Во рамки на ревијата на српски играни филмови, што свечено беше отворена синоќа во Охрид, во центарот за култура „Григор Прличев“ денеска ќе има двојна програма.

Од 18ч. се прикажува филмот „Ние не сме ангели“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ, а од 20 ч. филмот „Буре барут“ во режија на Горан Паскалиевиќ.

Ревијата е во организација на Српско-македонското друштво „Коштана“ од Охрид.

Ohridnews