Суперхеројот на Охрид, момчето со челична волја и мотиватор на широките народни маси, Марко Пејчиновски, го оствари шестиот подвиг ова лето на Охридското Езеро.
Тој денеска го преплива Охридското Езеро од Струга до Градиште (22 км), за време од 6:53:20 часа.
Како што е познато, Марко ова лето си постави предизвик пред себе да преплива 10 различни делници на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри. Плива, како што рече да ја поттикне волјата кај луѓето да истраат на зацртаниот пат во животот, да не губат надеж и да ги исполнуваат своите цели.
Марко Пејчиновски е најмпадиот пливач во историјата кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Св. Наум, Св. Наум – Охрид и Струга – Св. Наум.
Г.М.