После големи искушенија со ветар и бранови, Марко Пејчиновски кој утрово влезе во водите на Охридското Езето кај Радожда, попладнево пристигна на Охридското пристаниште. Делницата долга 14 километри тој ја мина за 5:25:09 часа.
Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро.
До крајот на јуни Марко ќе плива уште две делници. На 18 јуни Радожда – Градиште во должина од 18 километри и на 25 јуни Радожда – Трпејца во должина од 20 километри.
OhridNews
Спорт+: Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави 10 нови подвизи