Од почетокот на годинава стартуваше и Законот за забрана за употреба на пластични ќеси, но во поголемиот дел од продавниците и маркетите се уште  се трошат залихите пластични ќеси кои се продаваат за еден денар. И покрај најавите, ги нема книжните.

Поголемиот дел од граѓаните, особено повозрасните ги вратија платнените торби. Тие велат дека добро е што конечно застануваме на страната на екологијата.

Еден дел од охриѓани сметаат дека залудно е донесен ваков закон, кога пластичните ќеси летаат насекаде околу нас. „Пластичната револуција тешко може да се собори, како  и секоја новина кај нас. Но мислам дека со тек на време и овој Закон доследно ќе се применува“, ни изјави една повозрасна сограѓанка .

Според новиот закон во употреба се само пластичните ќеси со носивост над 5 килограми. За непочитување на одредбите се предвидени казни од 6 илјади евра.

Ohridnews