Меѓу нив се и иконите од манастирот Св. Наум Охридски и црквата Св. Јован Канео, дел од моштите на светите маченици Кирик и Јулита од црквата Св. Богородица Болничка и многу други. Се стравува дека бројката на украдени предмети од македонските цркви е далеку поголема, затоа што дел од кражбите, особено во минатото, не се евидентирани.
Покрај црквите на удар на крадците се и џамиите. Според информациите на ИВЗ најчеста мета се стари примероци од светата книга Куран, но и други вредни предмети кои се одземени од џамиите.
Деновиве во струшкото село Долна Белица од црквата Св. Арангел беа украдени 10 икони. Претходно кражби се случија и во повеќе други цркви во струшко и охридско од каде се одземени над 60 икони и други вредни предмети.