Трет ден трае потрагата по 12-годишно момче од селото Долно Татеши, струшко, кое завчера исчезна во надоjдените води на реката Сушица, при обид со неговата мајка со запрежна кола да поминат преку импровизиран премин.

Од СВР Охрид информираат дека потрагата од вчера е интензивирана и проширена на поширокиот регион. Покрај коритото на Сушица, се пребаруваат и околните канали, како и реката Црн Дрим во која се влева локалната река во која исчезна момчето.

Во потрагата се вклучени 30 полицајци кои детално го пребаруваат теренот. Операцијата е отежната поради зголемениот водостој на реките кои со себе носат остатоци од гранки и друг отпад.

OhridNews