Петти ден безуспешно трае потрагата по триесет и пет годишната Лета Цветаноскa – Лазареска, која исчезна во понеделникот. Семејството нa исчезната информира дека во текот на вчерашниот ден роднини, пријателеи и полицијата извршиле детално пребарување на крајбрежјето од Охрид до Градиште, како и на локацијата околу поранешното детско одморалиште каде во вторникот беше пронајдена чантата на исчезнатата. По неа се трагало и со кајчиња, но исто така без успех.


Ни трага ни глас од исчезнатата охриѓанка

Засега нема никаква трага од Лета, ни изјави нејзиниот сопруг Трајче Лазарески. Тој вели дека телефонски контактирал со сопругата во понеделникот, при што таа не била во добро расположение, но се договориле дека за се ќе разговараат кога  ќе се врати дома. Но, наместо дома Лета која на работа се пожалила на главоболка заминала во непознат правец. Тој рече дека исчезнатата со која имаат две деца, немале семејни недоразбирања, таа била добра мајка и немала здравствени проблеми.

Нејзината ташна ја пронашол пациент од специјалната болница за лекување, превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, по што таа била предадена на полицијата. Наводно во неа имало писмо, но роднините не знаат ништо за неговата содржина.

Тие денеска побараа од полицијата да ја засили потрагата и во неа да биде вклучен хеликоптер, а упатија и упел до граѓаните доколку поседуваат било каква корисна информација која може да помогне да се реши мистеризното исчезнување на Лете Цветаноска – Лазареска, истата да ја достават до најблиската полициска станица.

Ohridnews